“The Voice” со лов на неверојатни таленти доаѓа во Скопје

Како што дознава музичкиот портал Музика24, една од најуспешните музички емисии во Бугарија и ширум светот “The Voice”, се враќа на тв екраните и тоа на бугарската Бтв со сезона 7. За прв пат, како што и самите тие велат, ловот на неверојатни таленти се шири во Македонија, односно, во нашиот главен град Скопје, каде претставници од ова познато тв шоу доаѓаат во потрага по нови и млади таленти.

Доколку се чувствуваш доволно подготвен да застанеш на сцената на ова познато тв шоу, да ги изненадиш со својот неверојатен глас, да ги оставиш без зборови и да добиеш големо да за директно учество, пиши им маил и влези и биди еден нашите македонски претставници во “Гласот на Бугарија”.

Аудицијата ќе се оддржи на 28-ми септември во Културно-информативниот центар на Република Бугарија во Скопје. За учество можете да ги контактирате на нивната фан страна или пак преку маилот: the.voice.bulgaria@gmail.com

Со среќа!

Повеќе на Музика24...