Том Одел – првото светско музичко име во 2019-та со голем концерт во Скопје

Познатиот светски музичар Том Одел е првото светско музичко име што во 2019 година доаѓа во Скопје, објавија нашите соработници од Авалон продукција. Шоуто на Том Одел е закажано на 13-ти февруари, во СРЦ “Кале”.

“Со задоволство одиме понатаму и ви го најавуваме извонредниот млад кантавтор кој стана светски популарен со песната “Another love”, во рамки на својата светска промотивна турнеја на втoриот албум насловен “Jubilee Road”, што излегува на 12-ти октомври, и кој доаѓа во Скопје да испорача едно типично суперквалитетно британско шоу”, велат од продукцијата.

Повеќе на Музика24...

Остави коментар

Вашата маил адреса нема да биде објавена.