Во прв ред

Традиционална крводарителска акција во спомен на роденденот на Тоше во Домот на АРМ

Годинава, по осумнаесети пат, Црвен крст на Град Скопје и Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Гази Баба во соработка со Институтот за трансфузиона медицина ја организираат традиционалната крводарителската акција во спомен на роденденот на големиот хуманист и крводарител, Тоше Проески, кој за жал прерано го загубивме.

Крводарителската акција ќе се реализира на 25.01.2022 година (вторник) во холот на Домoт на АРМ, во периодот од 09:00-17:00 часот.

Оваа крводарителска акција стана веќе препознатлива во нашиот град и е посетена од голем број граѓани, а пред сѐ помладата популација која во ликот на Тоше Проески препознава пример на хуманост. До сега, на овие акции реализирани се повеќе од 5.000 единици крв.

При спроведување на акцијата, Црвен крст и Институтот за трансфузиона медицина ќе се погрижат сите дарители и лица ангажирани за реализација на акцијата, да ги почитуваат сите пропишани мерки и протоколи за заштита и самозаштита од Ковид-19.

Можеби ќе ве интересира:

Се вчитува....