Во прв ред

Три дена “Summer Beach Festival” во Охрид

Овој викенд, пред големиот македонски празник Илинден, Охрид е градот кој е центарот на сите музички случувања во Македонија. Еден од тие настани е и “Summer beach festival”, тродневен фестивал кој се одржува на плажата “Немо”, а ќе опфати дел од моментално најбараните артисти на балканот. Вчера вечер беше резервирана за Тајзи и Спејко со голем концерт во живо кои пред македонската публика се престставија и со дел новиот материјал.

Вечерва 31-ви јули настапува грчката ДЈ атракција Bang La Decks, дуо кое ги освои светските топ листи со хитови во егзотичен џангл ритам. Нивните песни се дел од сетовите на AfroJack, Rehab, Benny Bennasi, Avicii. Тие пред неполн песец настапија и на четиринаесетото издание на “Пивофест”. Тие вечерва ќе имаат неколку часовен сет на плажа “Немо”, се надеваме дека овој пат ќе знаат во која држава се наоѓаат и ќе поздрават публиката соодветно македонската публика.

Понеделник пак, 1-ви август е резервиран за српскиот хитмејкер Раста, кој руши рекорди на You Tube. Неговиот најнов сингл “Еуфорија” за само неколку недели има 14 милиони прегледи. Регетон изведувачот Раста за првпат доаѓа во Охрид и ветува одлична забава со неговите најголеми хитови: “Кавали”, “Кавасаки”, “Хабиби”, “Мала”…

А пред настапите на балканските ѕвезди, атмосферата ќе ја загреваат познати DJ-и. Картите се по промотивни цени и тоа за вечерва Bang La Decks 300 денари, и утре понеделник 1-ви август Раста 300 денари.

Подготви: Редакција на Музика24

Можеби ќе ве интересира: