Во прв ред

Тумбао Салса Бенд во март го донесе летото (Фото)

Насмеани лица се слеваа како река од Универзална Сала по завршувањето на првиот и втор концерт на Тумбао Салса Бенд. Концертниот простор беше со целосно изменет лик токму за овој настан: палми, море, плажа, песок, коктели… Она што дополнително ја подгреа атмосферата беше тоа што седиштата во партерот беа извадени, па просторот пред бина беше претворен во подиум за танцување.

Tumbao Salsa Bend_koncert Tumbao Salsa Bend_koncertПетар Ренџов не ја штедеше својата енергија и постојано се симнуваше меѓу публиката, а не се воздржуваа и неговите колеги – гостите од Куба, Азафран Микс. Присутните коментираа дека се чувствуваат како навистина да се на Куба, а не во Скопје. Меѓу публиката, беше и претседателот на Р. Македонија, Ѓорѓе Иванов кој заедно со своето семејство уживаше во салса ритамот.  Тумбао Салса Бенд барем за момент успеаа да ни ја доловат позитивната енергија која ја носи летото. Секоја чест!

Подготви: Редакција Музика24

Можеби ќе ве интересира: