Во прв ред

Урнебесна комедија во Скопје со генијалниот Милан Лане Гутовиќ

Вонвременскиот “Среќко Шоиќ” конечно ни доаѓа во Скопје, со претставата со која го има обиколено речиси целиот свет. Милан Лане Гутовиќ е претставник на златната генерација актери од БившоЈугословенските простори кој со своите улоги во “Тесна кожа” и “Бела лаѓа” е најголемиот жив комичар во моментов. Ние, скопјани и сите Вие кои живеете во овој голем град, имате неверојатна шанса да го видите во живо на само три метри од себе, носителот на најсмешниот лик прогласен по сите релевантни гласања и анкети.

“Обична вечер” претставува урнебесна комедија напишана и режирана од самиот Лане Гутовиќ, што е причина повеќе да не го прошуштите овој единствен настан, оваа единствена привилегија за дружење со најдобриот.

Pretstava Lane Gutovik vo SkopjeКартите се веќе пуштени во продажба и истите до 10-ти април можете да ги купите по цена од 400 денари, а веќе на 16-ти април ден и кога ќе се оддржи оваа долго очекувана комедија, цените на истата ќе чинат 600 денари на билетарата од Домот на АРМ и сите специјализирани места каде се продаваат билети. Побрзајте, бидејќи во продажба се пуштени само половина од билетите, од капацитетот на салата, бидејќи другите ни ги откупија спонзорите.

Да не бидете изненаѓени и потоа и увреѓени дека нема карти… ќути Ќирко!

Музика24.мк

Можеби ќе ве интересира: