Неполн месец до одржувањето на големиот спектакл, големиот концерт на глобално мега популарниот Роби Вилијамс кој на 17-ти јуни доаѓа во соседна Србија, односно Белград и ќе одржи концерт на Ушќе. Англиската ѕвезда во Белград ќе го претстави новиот албум “Under The Radar Volume 1”, а неговите фанови во живо ќе може да ги слушнат и големите хитови како што се “Angels”, “Feel” и “No Regrets”.
“Подгответе се за спектакл, затоа што славниот англиски пејач Роби Вилијамс ќе има концерт во соседна Србија”, пишуваат сите регионални и балкански медиуми. По белградскиот концерт, познатиот Роби патува за Букурешт каде за два дена го очекува неговиот настап во оваа голема европска метропола. Доколку не сте набавиле билет, не е доцна, истиот можете да го набавите на МК Тикетс. Побрзајте!
Подготви: Марија Поповска