Во прв ред

Утре 21-ви декември, Скопје ќе “гори” со Мустафа Џеџели (Видео)

По повод Ден на наставата на турски јазик во Македонија организиран од страна на Сојузот на турски невладини организации во Македонија – “Матуситеб” со поддршка на “Тика”, познатиот турскиот поп пеач Мустафа Џеџели на утре 21-ви декември понеделник, по втор пат во Скопје ќе одржи двочасовен концерт со очекувани 8000 посетители во Спортскиот центар Борис Трајковски Скопје.

Mustafa Ceceli_poster za koncertМустафа Џеџели својата музичката кариера ја започнува во 2003-та година како аранжер, продолжува со снимање на албум, а потоа следуваат сценски изведби. Во 2007 – 2008 година доби златна плакета за најуспешен пеач на годината. Својот врв во кариерата го постигна со соработка на Лара Фабиан со песната која ја изведоа на турски и англиски јазик “Al Götür Beni – Make me yours tonight”. Сите Вие кои ја почитувате турската популарна музика организаторот Ве повикува на голем бесплатен концерт по повод денот на наставата на турски јазик во Македонија, а воедно и заедно да уживаме во убава музика.

Подготви: Марија Поповска

Можеби ќе ве интересира: