Во прв ред

Утре голем концерт на Силви Бенд во Битола

Во склоп на најдолгото културно лето во Македонија “Бит фест”, утревечер со почеток од 21 часот во Магаза во Битола ќе се одржи концертот на Силви Бенд. Овој музички бенд на македонската естрада постои 25 години, а досега имаат снимено 6 албуми –аудио изданија. На својот концерт во Битола на “Бит Фест” публиката ќе има можност да се забавува со веќе добро познатите хитови: “Лет на гулаб бел”, “Македо ламбада”, “Песна за нас”, “Како да научам”, “Јас сум твојот џез”, “Болеро”, “Убавица и ѕвер”, “Нема проблем”, “I love you baby”, “Љубов само за мене”, “Бакнеж како музика”, “Уште една ноќ без тебе”, “Ако ме љубиш”, “Ме полудуваш”, “Лето”, “Далеку”, “Не сакам крај”, “Бакнежи врели”, “Само мој”, “Македонија”, “Твојте очи Лено”, “Романса”, “Ангели ме носат”, “Сонце по дождот”, “Најмил мој”…

Подготви: Јовица Пауноски

Можеби ќе ве интересира: