Во прв ред

Утре во општина Илинден ќе се одржи “Илинденски етно фест 2015”

Утре во општина Илинден по повод националниот празник Илинден, кој воедно претставува и патрон на општината, ќе се одржи вториот по ред фестивал на традиционални македонски песни “Илинденски етно фест 2015” со почеток во 20 часот. Како што не известуваат од општината, на сцената која ќе биде поставена во манастирскиот комплекс Св. Георгиј во селото Дељадровци, ќе се појават голем број на познати и еминентни музички имиња од македонска фолк естрада. Меѓу нив ќе ги споменеме: Марјан Коцев, Ани Малникова, Сузана Спасовска, Круме Спасовски, Мишко Талески, Влатко и Златко Миладиноски, Јулија… и многу други.

Исто како и минатата година и оваа, за музичката програма и организацијата на фестивалот се погрижија познатата фолк пејачка Сузана Спасовска и Борче Брзанов. Се надеваме и веруваме дека и оваа година ќе уживате во многубројните македонски традиционални песни кои ќе бидат изведени од нашите најпознати македонски музички имиња од фолк сцената.

Подготви: Синиша Новевски

Можеби ќе ве интересира: