Во прв ред

Узунови одржаа концерт во чест на новинарката Валентина Ѓоргиевска – Парго (Фото)

Музичкото школо “Узун” кое веќе години наназад ги усовршува талентираните деца и возрасни да свират гитара и оваа година го одржа хуманитарниот предновогодишен концерт. Концертот беше во чест на новинарката Валентина Ѓорѓиевска – Парго, која во својата новинарска кариера ги има напишано најдобрите новинарски текстови, никогаш незаборавајќи да напише по нешто за хуманоста, хуманите луѓе и добрите дела.

Заслужено, новинарката Ѓорѓиевска ја имаше таа чест во нејзино име да се одржи еден ваков музички хепенинг со идните музичари кои учат да свират на разни инструменти. Покрај децата од музичката школа “Узун”, публиката имаше можност да ужива во гласот на Жаклина Узунова и пејачот Горан Симевски, а пред самиот крај и новинарката Валентина ја покажа својата музичка талентираност и излезе на сцената  изведувајќи ја нумерата која нашиот единствен Тоше Проески ја изведе на детскиот фестивал “Златно славејче”.

Валентина својот новинарски дух веќе неколку години го преточува во новинарски текстови кои според јавноста и читателите секогаш оставале силни впечатоци. Таа пишува и поезија, а неодамна ја издаде и својата прв книга “Со тебе би живеела во колиба”, кои исто така се доказ за нејзината голема креативност која извира од една новинарска душа.Валентина Ѓеоргиевска - ПаргоЈанко и Жаклина Узунови среќни што имаат една таква пријателка и пред се горди што имаме една успешна новинарка на Ѓорѓиевска и врачија пофалница за нејзиниот труд и постигнат успех во новинарската кариера. Новинарката Катерина Стојановска – Дескоска  изјави дека од секогаш текстовите на Валентина биле најдобрите новинарски текстови. Таа го цени најмногу тоа што новинарката, меѓу другото пишува и за хуманоста која не треба да се заборави. После овие зборови Катерина на публиката и прочита дел од поезијата создадена од новинарката, насловена “Пред и по Тоше”.

“Среќна сум што на крајот упорноста и посветеноста во работата раѓа плод. Наградата ми е посебно драга и благодарна сум и на Узунови за овој концерт “Узун за Вале”. А пред се, драго ми е и охрабрена сум да пишувам уште повеќе за хуманоста гледајќи ве вас и знаејќи дека се уште постојат хумани луѓе”, рече новинарката Ѓорѓиевска, обраќајќи и се на публиката.

Концертот насловен “Узун за Вале” се одржа вчера вечер во просториите на Даре Џамбаз, а гледачите кои уживаат во добрата песна и музика деновиве ќе можат да го проследат на ТВ Сонце.

Превземено од: story4you.mk

Можеби ќе ве интересира: