Васил Гарванлиев со голем солистички концерт во Струмица

Во петок на 29-ти ноември познатиот музичар Васил Гарванлиев, познат своевремено како малото симпатично момче што го отпеа детскиот евергрин “Марионка”, во НУЦК “Антон Панов” во Струмица ќе оддржи голем солистички концерт. Билетите по цена од 200 денари се веќе пуштени во продажба.

Како што дознава музичкиот портал Музика24, Васил на концертот најавува музичко патување низ времето и секако, многу гости меѓу кои се споменуваат: Игор Џамбазов, Ратко Даутовски, Давор Јордановски, Кеми Асанов… и уште многу други музичари и уметници кои само ќе ја збогатат програмата. Гарванлиев пред првиот солистички концерт најави премиерни изведби на песни и изненадувања за публиката.

Повеќе на Музика24...