Вчера вечер во клубот “Капан Ан” кој што се наоѓа во Старата Скопска Чаршија, по повод 10-от роденден на D2 колективот и 25 години од култната drum’ n’ bass етикета Formation Records, присутните и сите почитувачи на овој жарн на музика, имаа несекојдневна можност да уживаат и да слушнат две легенди на drum’ n’ bass jungle музиката кои ни дојдоа директно од Лондон – Grooverider и DJ SS.
Grooverider е еден од основоположниците на оваа музика, DJ, продуцент и сопственик на еден од највлијателните етикети – Prototype, човек кој заедно со Fabio постави високи стандарди на квалитет со долгогодишното шоу на BBC Radio One, надалеку познат по своите DJ сетови, а ова претставуваше негов прв настап во Македонија, додека пак DJ SS е сопственик на Formation Records, легенда во jungle музиката особено со неговите химни “Lighter” и “Black”, инаку по втор пат во Скопје. Покрај нив, публиката имаше привилегија да ги слушне и High Roll – најактивното дуо во регионот, со изданија за Formation Records, кои дојдоа директно од Софија.
Како домашна поддршка на сцената се појавија DJ-те од D2 колективот – Darko Stepic, HyperTech, Puk`kah, D.Lite, HansSHC.
Подготви: Редакција Музика24