Во прв ред

Вчера вечер Прилеп уживаше во песните и настапот на “Амадеус Бенд”

Вчера вечер на градскиот прилепски базен, прилепчани уживаа во настапот и песните на феноменалните дечки од “Амадеус Бенд”. Како што вели нашиот дописник од Прилеп, Маринела Каранфилоска она што се случило вчера вечер во Прилеп било нешто што долго ќе се памети и зборува. Бендот својот настап го започнал со “Моја земја”, а веднаш потоа продолжиле со старо-новите песни “Ти си та”, “Лажу те”, “100 посто”, “Није свеједно”… и многу други песни како од нивниот репертоар, така и останатите српски поп и фолк пејачи.

Интересно било што освен овие песни, “Амадеус Бенд” исполнил и доста македонски песни, меѓукои и познатите: “Македонско девојче”, “Едно име имаме”, “Туѓа си бескрајно”, “Розо моја”… а концертот го завршиле со песната “Жал”. Во преполнетиот прилепски базен освен публика од овој град, имало и присутни и публика и од останатите градови во Македонија.

Подготвија: Марија Поповска и Маринела Каранфилоска

Можеби ќе ве интересира: