Во прв ред

Вчера вечер со песна и спорт се затвори шестото “Карпошово културно лето” (Фото)

Во извонредна атмосфера, со звуците на македонскиот фолклор и со навивачки дух, вечерва во амфитеатарот на кејот на Вардар заврши шестото по ред “Карпошово културно лето”. Зуица Лазова и Наум Петрески речиси час и половина ја забавуваа публиката со своите најголеми фолк-хитови, но и со многу други познати песни од богатиот македонски мелос, а пријатното расположение меѓу присутните карпошани и гости кулминираше со оро.

По нивниот концерт, аудиториумот се исполни со навивачка енергија, зашто на голем видеоекран присутните имаа можност заедно  да го проследат натпреварот меѓу кошаркарските репрезентации на Македонија и на Литванија.

Наум Петревски и Зуица Лазова на затворањето на "Карпошово културно лето 2013"Крајот на “Карпошово културно лето”, кое шеста година по ред го организира општина Карпош, уште еднаш го презентира слухот на општината за потребите на своите жители. Во текот на манифестацијата, која траеше три недели, беа опфатени многу настани со намера да се задоволи сечиј вкус. Меѓу музичките настани особено се издвоија концертите на “Црвена јабука”, Каролина Гочева, Петар Ренџов и “Тумбао салса бенд”, но многу внимание привлекоа и авторската вечер на Огнен Неделковски и ретро ноќта со Вера Јанковиќ и Драган Б. Костиќ.

Мјузиклот “Чевел” и стенд ап-настапите на Весна Петрушевска, Бојан Велески, Ефтим Трајчов-Ѓаурски и на Никола Тодороски беа во фокусот на вниманието на љубителите на театарската уметност, но и обожавателите на филмот имаа своја вечер со репродукција на “Салата Македонија”. За вљубениците во балканскиот фолклор, општина Карпош ги донесе “Зоруле” од Нови Сад и КУД “Пролетер” од Сараево, а со ветување за уште побогата програма за следната година, “Карпошово културно лето” спектакуларно го затвори најпознатиот брачен пар на македонската фолк-естрада, Зуица Лазова и Наум Петрески.

Извор: Сител

Можеби ќе ве интересира: