По повод Интернационалниот ден на џезот 30-ти април, вчера вечер во кафулето “Драма кафе” општина Велес организираше “Вечер на џез музика” на која настапи “Џез Трио” кое беше составено од Анета Качуркова (пијано и вокал), Зоран Павловски (контрабас) и Славчо Коцев (тапани).
Како што изјави Мартин Мајсторов од општина Велес, целта на настанот е популаризација на џез музиката меѓу помладата популација и одбележување на Интернационалниот ден на џезот.
Подготви: Синиша Новевски