Познатата српска поп пејачка Јелена Карлеуша, вчеравечер имаше настап, концерт во охридската дискотека “Калео”. Сите оние нејзини фанови кои моментално летуваат или се наоѓаа синоќа во Охрид, уживаа во одличниот несекојдневен настап на оваа позната пејачка, која веднаш по истиот постираше фотографии на на своите профили на социјалните мрежи. Освен што имашѓе одличен настап, публиката се воодушеви и од самиот изглед на пејачката, која рака на срце беше речиси совршен. По настапот Карлеуша на своите фанови им се заблагодари за присуството, а истото го стори и на социјалните мрежи.
Подготви: Марија Поповска