Со настап на стенд-ап комичарот Никола Тодороски од Охридскиот театар, вчеравечер во општина Пустец заврши осмото по ред издание на фестивалот “Македонско културно лето во Албанија”. Покрај тоа што беа доделени низа награди за познати актери и актерки од Македонија, свој концерт пред публиката оддржа познатиот македонски поп пејач Димитар Андоновски во придружба на Сергеј Светозарев.
Фестивалот беше отворен на 29-ти јули со претстава од Драмскиот театар во Скопје. Оваа година фестивалот се прошири и се одржуваше на три локации, на плоштадот “Гоце Делчев” во Пустец, плоштадот “Европа” во Леска и плоштадот “Јане Сандански” во Зрноско. Покрај домашната публика, фестивалот го посети и публика од Република Македонија. Фестивалот е поддржан од Министерството за култура на Република Македонија, Град Скопје и општина Велес.
Подготви: Редакција Музика24