Во прв ред

Вечерва “Club Calypso” од Прилеп Ве кани на роденденска забава (Фото)

Еден од најдобите клубови во градот под Марковите кули “Club Calypso”, вечерва 6-ти јули ќе го прослави својот шестти роденден со добра и незаборавна забава со специјалните гости DJ Гоце – Саф и DJ Чваре, кои речиси секогаш се наоружани со најдобите хип-хип хитови. Освен ова, од “Club Calypso” не информираат дека покрај големата роденденска забава, подготвуваат и многу подароци и изненадувања за сите оние кои ќе бидат дел од истата, кои ќе присуствуваат заедно ќе го прослават шестиот роденден на овој препознатлив и голем бренд во овој град.

Club Calypso_rodendenska zabava_posterВо изминатите години, Calypso е сведок на многу забави, журки, гости, многу артисти кои настапиле во овој клуб, многу насмевки, гушки, љубови и среќни моменти во овие шест години. Организаторите со гордост и задоволство, Ве покануваат на вечерашната роденденска забава заедно да го прославите овој голем и убав ден, кога ќе се забавувате, а истовремено и наградувате и уживате во овие топли летни вечери.

Не заборавајте, “Club Calypso” вечерва со почеток во 21 часот. Се гледаме!

Подготви: Маринела Каранфилоска

Можеби ќе ве интересира: