Вечерва на плоштадот во Демир Хисар голем рок хепенинг (Фото)

Вечерва Општина Демир Хисар на локалниот плоштад организира голем рок хепенинг, традиционална манифестација во рамки на културното лето во таа Општина. Од секторот за односи со јавност информираат дека на петтиот по ред рок хепенинг ќе настапат групите: “Паркети”, “Супернова”, “Мизантроп”… и други чиј избор е извршен по барање на младите во општината.

“Подготовкте за култниот музички настан се завршени, и очекуваме прекрасен хепенинг под отворено небо со познатите македонски рок групи”, најавија од Општина Демир Хисар. Рок хепенингот ќе почне во 21 часот.

Повеќе на Музика24...