Во прв ред

Вечерва во Гостивар ќе се одржи првиот “Future Music Festival”

Во организација на Општина Гостивар и Советот на млади од градот, вечерва на градскиот плоштад во овој град ќе се одржи првиот мултиетнички фестивал наречен “Future Music Festival”. На ова прво издание од овој музички фестивал ќе настапат изведувачи од македонската и албанска музичка сцена, а целата на истиот е покрај искусните пејачи, да се промовираат и новите музички имиња од овој град.

На сцената ќе ги видиме: Ники Велјановски, Миа Морина, Шадан Баки, Перо Пандиловски, Елизабета Јовановска, Арта Мемеди, Ебрар Мажар, Јордан Ивановски и други. Специјализираниот македонски музички портал Музика24 дознава дека освен свои песни, пејачите ќе испејат и заедничка композиција на македонски, албански и турски јазик, дело на Селим Черкези, Владо Антески и Адис Исмаили.

“Прекрасна е идејата за ваков мултиетнички настан. Пораката на текстот на заедничката нумера е како да живееме заедно и меѓусебно да се почитуваме. Планираме за оваа тема да снимиме и спот за сите три верзии”, изјави Перо Пандилоски, еден од учесниците на настанот.

Подготви: Кристина Секуловска

Можеби ќе ве интересира: