Вечерва во Нано Бар – “Хитови од наше време” со DJ Tina

Вечерва во Нано Бар со почеток од 21.30, скопјани а и сите оние кои ќе бидат дел од оваа голема забава, ќе се потсетат на најголемите хитови кои што досега сме ги слушнале изминатите години, дел од македонската музичка сцена кога таа беше на највисоко ниво.

Хитовите на Маја Вукичевиќ, Ена Веко, Ерзана, ТНТ, Маријана и Росана, Врчак, Нулта Позитив, Угро, Александар Митевски, Студени нозе, Магија, Нови Дечки, Ребека, ПС… и многу други познати и заборавени македонски изведувачи, ќе бидат дел од вечерашната забава едноставно наречена “Хитови од наше време” заедно со познатата и се повеќе популарна DJ Tina.

Како што дознава музичкиот портал Музика24, овој проект освен во Нано Бар ќе продолжи и низ други локации низ главниот град, како и низ другите градови од Република Македонија. Уживајте и барем за момент вратете се во минатото со хитовите од нашето време и DJ Tina.

Повеќе на Музика24...