Во прв ред

Вечерва во “Станица 26” настапуваат Blackstreet, Тони Зен и Бобо (Видео)

Денес, во 23:00 часот, во клубот “Станица 26”, култниот американски состав Blackstreet ќе го одржат својот прв концерт во Македонија. Организаторите најавуваат одлична забава која ќе започне со Тони Зен како домашна поддршка, после кој ќе настапи и Бобо со неговиот бенд од соседна Бугарија, а за атмосферата да биде загреана на сцената ќе се појават Blackstreet кои за прв пат ќе настапат пред македонската публика.

Влезните билети може се на продажба на билетарата од клубот “Станица 26” и истите се по цена од 350 денари. Во продолжение, погледнете ја видео поканата на Blackstreet за нивниот вечерашен настап.

Се гледаме!

Подготви: Редакција Музика24

Можеби ќе ве интересира: