Во прв ред

Вечерва во Штип: Гергана vs. Елена

Дека ноќниот живот во Штип е интересен и разнообразен, гледано од музички аспект ќе докажеме со најавата за вечерашните настани. Club ICE ја презентира Gergana, една од ѕвездите на PAYNER, меѓу најпопуларните пејачки во соседна Бугарија, нам добро позната од телевизиските екрани, за прв пат го посетува Штип. Веруваме дека посилниот пол секако имаат дилема околу изборот затоа што во Club MYSTIC ќе гостува Елена не онаа од Троја, туку нашата Елена Ристеска од М2.

Некогашната евровизиска претставничка ќе Ве забавува неколку часа со нејзините хитови. Не знаеме дали веќе се одлучивте, со оглед на тоа дека за едниот настан картите беа пуштени во продажба со самиот старт на работната недела, но, дали ситуацијата е алармантна за македонската музичка сцена е прашањето што се поставува. Навидум, никој не признава дека слуша поп-фолк и турбо фолк и дека немаме никакво влијание на музиката од соседството, а сепак 90% од студентските забави се КАФАНА НА БАЛКАНУ. Како и да е, туѓото мислење не значи дека е погрешно, изборот е само Ваш, поминете си убаво каде и да сте, на крајот на краиштата и не е битно каде сте, туку со кој 😉

Подготви: Редакција на Музика24

Можеби ќе ве интересира: