Во прв ред

Вечерва за подобра и поурбана забава во Скопје се отвора “Фабрика”

На Скопје веќе неколку години му недостигаше електронска сцена со светски ди-џејски ѕвезди. Еднаш или двапати неделно еден куп разиграни луѓе на омилениот подиум во ритамот на некој познат и признат светски DJ.

Од овој викенд, град Скопје ќе стане побогат за уште еден клуб каде што редовно ќе гостуваат ди-џеи од странство. Фабриката за добра музика се отвора овој петок со гостување на Џејмс Забиела, еден од најголемите DJ-и на денешницата, човекот кој со право го нарекуваат кралот на миксовите, заштитното лице на најпознатиот производител за DJ опрема во светот Pioneer.

Картите се продаваат по супер промотивни цени и можат да се купат на nastani.com.mk и kupikartizase.mk како и во Југотон. Новотворениот клуб “Фабрика” се наоѓа во Градскиот Парк, а журката продолжува и во сабота со домашните диџеи Ана Мало, Никифор, Еми Ермилова и Никс.

Подготви: Редакција Музика24

Можеби ќе ве интересира: