Во прв ред

Вечерва започнува 54-то издание на Балканскиот фестивал во Охрид

На сцената на Долни Сарај, вечерва во Охрид започнува 54-то издание на Балканскиоt фестивал на народни песни и игри. Фестивалот ќе започне со целовечерен концерт на најреномираниот македонски ансамбл – “Танец”, а предвидено е да го отвори претседателот на македонското Собрание, Трајко Вељаноски.

Балканскиот фестивал на народни песни и игри годинава ќе го одбележи 54-то издание како најстара фолклорна манифестација на Балканот на која се афирмираат културните достоинства на народите. Програмските придобивки, квалитетот на презентацијата на фолклорниот материјал и можноста тој да биде отворена сцена за комуникација на културите на народите придонесе овој фестивал да биде застапен во каталогот на ИОВ најзначајни фолкорни манифестации во светот. Фестивалот е под покровителство на Собранието на Република Македонија. Програмата е на високо ниво и е поддржана од Министерството за култура и од општина Охрид.

Извор: Охрид24

Можеби ќе ве интересира: