Во прв ред

Вечерва започнуваат “Златните денови” во Кратово

“Златни денови” во Кратово и оваа година ја имаат вистинската формула за одлична забава, многу музика, изненадувања и разладување. Првиот ден од Златни кратовски денови 2015 ќе биде во чест и посветена на неповторливиот македонски народен пејач, Јонче Христовски, чии песни ќе бидат изведувани од страна на Виолета Томовска, Јордан Митев, Атина Апостолова, Ефто Пупиновски и Блага Петреска. Истите ќе бидат придружувани од оркестарот Академци под водство на маестро Сашо Ливрински.

За таа цел, на Фејсбук фан страната, со наслов: Златни Денови Кратово, ќе може јавно да се објавуваат и споделуваат моменти за афирмација на самата манифестација како и фотографии и песни, со што ќе се зголеми фактографската културна ризница за оваа македонска музичка легенда, Јонче Христовски.

Богата музичка програма, разните изведувачи кои секого ќе остават без здив се најава за она што ќе се случува од 26-ти до 28-ми јуни. Бајага и инструктори, ѕвездите од “X Factor Adria”, предводени од нашите овогодинешни претставници, Боби Мојсовски и Даниел Темелков, овогодинешниот евровизиски претставник, Даниел Кајмаковски, Елена Ристевска, Куку Леле, Чалгија Саунд Систем, Виолета Томовска, Ефто Пупиновски, Блага Петреска се само дел од ѕвездите кои дополнително ќе го збогатат овој убав музички хепенинг и придонесат за весела и позитивна атмосфера. Златни кратовски денови имаат забава и за најмладите кои сите три дена ќе се дружат со ѕвездичките од Златно Славејче.

Подготви: Редакција Музика24

Можеби ќе ве интересира: