Во прв ред

Владата усвои законски измени со кои заштитата фонограмите од 50 се зголемува на 70 години

На 132-та седница на Владата, на 11-ти јануари, Владата го утврди текстот на Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за авторското право и сродните права.

Целта на предложениот закон е пропишување на нормативна основа за воспоставување на ефикасен модел за функционирање на системот на колективното управување со авторското право и сродните права усогласен со Директивата 2014/26/EC на Европската Унија за колективно управување со авторското право и сродните права и мулти-територијално лиценцирање на музички дела за користење преку интернет, во делот на колективното управување.

Со измените и дополнувањата, меѓу другото, уште се врши усогласување со Директивата 2011/77 на ЕУ и со Директивата 2006/116/ЕУ за времетраењето на заштитата на авторското право и сродните права, во однос на заштитата на коавторите на музички дела со текст, како и на времетраењето на заштитата на изведувачите и фонограмските продуценти на снимени музички изведби, односно фонограми од 50 на 70 години.

Можеби ќе ве интересира: