Во прв ред

Владимир Четкар со концерти во Охрид и Струмица (Фото)

Лето е, време е за малку повеќе забава, опуштање и мнооогу музички настани и концерти. Нашиот познат македонски музичар кој што го познава и целиот свет, Владимир Четкар, на 6-ти август петок, во Охрид на плажа-ресторанот “Бонанца” ќе одржи традиционален музички концерт “Џез, Соул и Фанк на Зајдисонце”. Присутните гости со уживање и задоволство ќе можат да уживаат во уникатната комбинација на охридското зајдисонце, езерските далги, вкусното вино и храна и енергичниот музички настап.

На 18-ти август, пак, нашиот Четкар ќе одржи концерт во Струмица во рамките на 10 годишното јубилејно издание на “Струмица Опен Фест”. Концертот во Струмица е подржан од Министерството за Култура.

Подготви: Влад Петров

Можеби ќе ве интересира: