Во прв ред

Владимир Четкар со светлечки билборд промовиран во Детроит

Во центарот на Детроит, во историскиот Music Hall за прв пат осамна светлечки билборд со македонски уметник, а Македонија се испромовира на прекрасен начин. Атмосферата во Детроит, во преполното Jazz Cafe at Music Hall каде Владимир Четкар се претстави со авторска музика беше феноменална, а секоја изведена композиција на Четкар и неговиот квартет беше наградена со бурни аплаузи.

Vladimir Cetrar_nastapМакедонскиот уметник имаше успешен настап и во Чикаго, а веќе во чеврток на 11-ти јуни за првпат ќе настапи и во Торонто, во клубот “Seven 44”. Во Торонто Четкар ќе биде придружуван од македонските уметници: Давор Јордановски на пијано, Алек Секуловски на тапани и Милош Ангелов на бас. По овие впечатливи настапи и настани, Владимир Четкар доаѓа дома во Македонија. Концертната сезона ќе ја започне во Охрид со традиционалниот настап во Аквариус на 17-ти јули.

Извор: Охрид 24

Можеби ќе ве интересира: