Во прв ред

Владимир Четкар со зимска турнеја низ Америка

Како што дознава Музика24, 2022-та година Владимир Четкар ќе ја започне со зимска турнеја која ќе се одржи низ 5 држави во Соединетите Американски Држави. Официјално, турнејата ќе започне на 28-ми јануари со концерт во Детроит, а истата ќе заврши на 18-ти февруари со концерт во Вест Палм Бич во прочуениот музеј Нортон кој важи за еден од најважните културни центри во Флорида.

Во продолжение, погледнете го распоредот на концерти кои Четкар ќе ги одржи ос 28-ми јануари до 18-ти февруари:

  • Детроит, Мичиген / 28 Јануари – Aretha’s Jazz Café at the Music Hall
  • Чикаго, Илинои / 30 Јануари – Skadarliya
  • Кливленд, Охајо / 5 Февруари – BOP STOP at the music settlement
  • Њујорк, Њујорк / 12 Февруари – Chelsea Table + Stage
  • Вест Палм Бич, Флорида / 18 Февруари – Norton Museum of Art

На сите концерти Владимир Четкар ќе се претстави исклучиво со авторска музика и аранжмани, а биде придружуван од музичари од Америка.

Можеби ќе ве интересира:

Се вчитува....