Владо Јаневски на Илинден ќе одржи концерт во Охрид

Легендарниот Владо Јаневски после пауза од скоро 10 години, ќе одржи голем концерт во живо во Охрид и тоа на веројатно наједкватната локација за неговиот тип на музика, Антички театар, на 02-ри август. Вечерта на Илинден со почеток од 22 часот, публиката ќе може да ги слушне апсолутно сите хитови на Владо Јаневски, кој оваа година слави јубилеј- 25 години од неговата соло кариера. Подготви: Филип Етмишовски
Повеќе на Музика24...