Како што дознава музичкиот портал Музика24, познатиот македонски пејач Влатко Лозаноски заедно со едни од најдобрите, групата Next Time, ќе одржат голем заеднички концерт на 30-ти јули на Античкиот театар во Охрид.
Тие меѓудругото оваа вест ја објавија на своите Инстаграм профили, и воедно ги поканија своите фанови да дојдат во што е можно поголем број и заедно да ги отпеат најпознатите и најголеми нивни хитови.