Во прв ред

Влатко Лозаноски со прв голем концерт во своето родно Кичево

Како што дознава музичкиот портал Музика24, после настапот на “Амадеус Бенд” кој што се најавени за 6-ти јули со свој концерт во Кичево, конечно во својот роден град голем концерт пред своите сограѓани ќе оддржи македонскиот популарен поп пејач Влатко Лозаноски. Китино Кале е местото каде на 13-ти јули Лозаноски пред кичевската публика ќе ги отпее сите старо-нови хитови кои веќе надалеку се познати и се слушаат.

Билетите за овој голем концерт во Кичево можете да ги набавите по цена од 300 денари на самиот влез на местото каде што ќе се одржува концертот. Ви посакуваме одлично помината вечер со позитивната и емотивна енегија која само Лозаноски може да ја направи на своите настапи.

Можеби ќе ве интересира: