Во прв ред

Во Битола ќе се одржи првата едиција на „Ismail Lumanovski Summer Music School“

Првата едиција на музичката школа „Ismail Lumanovski Summer Music School” ќе се одржи од 5-ти до 11-ти август 2022 во град Битола.
Потенцијалните учесници треба да бидат помеѓу 14 до 19 годишна воздраст и да имаат основно сознание за инструментот кларинет. Сите квалификувани кандидати кои ќе бидат примени на летната школа ќе имаат целосна стипендија што значи дека ќе бидат потполно поддржани со часови за кларинет, мастер класови со врвни имиња, Ќе им биде обезбедено сместување, храна и бесплатен пристап на музички настани.
Проектот е финансиски поддржан од Амбасадата на САД во Скопје и е во организација на Здружението за активно истражување од областа на културата и уметноста ЕТНА-АРТ ФУЗИЈА Крушево. Заинтересираните ќе треба да ни испратат емаил на [email protected] со барање за да добијат пријава. Бројот на учесници ќе биде ограничен.

Можеби ќе ве интересира: