Во прв ред

Во Битола премиера на театарска претстава за последните денови на Курт Кобејн

„Големиот бел заговор“ е целовечерна театарска претстава, поставена во формат – реализам. Сега и овде! Раскажани се последните неколку денови од животот на рокенрол ѕвездата и фронтмен на бендот Нирвана, Курт Кобејн, и за влијанието на музичката индустрија врз неговиот кревок карактер во период од животот кога тој сака да престане да се занимава со музика, но и со конзумирање на опијати, од причина што целосно сака да му се посвети на своето семејство и да живее нормален живот.

Заради својата искреност, љубов и длабока верба во луѓето, Курт (не)успева да се справи со сплетките од задкулисието со кои е соочен, а кои стануваат се пообемни од секунда во секунда за него, го притсикаат и носат во дното, во најдлабоко – најтемното, точно тогаш кога е на врвот. Се соочува со притисок кој жестоко му го наментнува индустријата, онаа за која тој работи, но и се’ она што Нирвана, станува низ годините – правец кој индустријата го создава. За жал, како и многу други млади артисти на таа „кобна 27 година“ и Курт Кобејн се фаќа во стапица која на крајот го носи во целосно согорување.

Нил Јанг вели: „Подобро да изгорам, одошто да потемнам.“ Оваа негова фраза која, патем, и Курт Кобејн ја користи, никогаш нема на нас обичните смртници да ни го даде одговорот дали тој навистина сакаше да изгори токлу млад? Со фразата на Нил Јанг, како заокружница напишана во „прошталното писмо“ Курт Кобејн замина на небото, на врвот, за оттаму вечно да свети и да не’ потсетува сите нас какви треба да останеме, тука, под сонцето и ѕвездите кои силно светат и не знаат за вистината на темните длабочни, кои се на врвот.

Претставата е наменета за возраст 16+. Автор е Димитрије Војнов, а режијата е на Војо Цветановски. Играат: Марјан Наумов, Ана Грамосли, Томислав Давидовски, Антонио Ташкоски, Здравко Стојмиров, Енџи Николоска.

Можеби ќе ве интересира: