Во прв ред

Во Охрид се оддржа 14-то издание од музичкиот фестивал “Канео фест”

Изминатиот викенд на летната сцена при Центарот за култура “Глигор Прличев” во Охрид, се оддржа 14-то по ред издание на еден од познатите македонски музички фестивали “Канео фест”, на кои учество земаа голем број на познати и нови македонски музички имиња. И ова издание на фестивалот беше препознатливо по натпреварувањето на изведувачи кои ги презентираа своите песни кои досега не биле никаде изведувани. Екипа на специјализираниот македонски музички портал Музика24 беше дел од вчерашната последна вечер – вечер на поп музика, каде десетина натпреварувачи ги исполнија своите песни пред охридската публика. Во текот на гласањето, присутните можеа да ги слушнат и воедно да се потцетат на песните и изведбите на поп пејачите Горан Милошески, Марија Бунда и Борис Цветановски кои со своите песни го кренаа расположението кај присутната публика.

Во продолжение, прочитајте кој вчеравечер беше награден од страна на стручното жири и публиката:

  • Награда за Најдобар дебитант – Бобан Апостолов
  • Награда за животно дело – Благица Павловска
  • Награда за Најдобра сценска изведба – Роберт Шошански “Осудени на разделба”
  • Награда за Најдобар текст – Ефтимија Јованова “Не ме барај”
  • Награда за Најдобар аранжман за песната “Верувам во љубовта”, аранжман: Горан Милошески, во изведба на Марија Андонова
  • Гран При Пепи Димоска “Зајди зајди”
  • Прва награда од публика “Огнени ноќи” – Валентина Ѓорѓиеска-Парго
  • Втора од публика “Лебед од далечина” – Ивона Ристоска
  • Трета награда од публика “Само мој” – Сара Ташкоска
  • Прва награда од жири комисија – Оливер Глигоров “Афродита”
  • Втора награда од жири комисија – Љубчо Јошески – “Со памет до целта”
  • Трета награда од жири комисија – Александар Стеваноски “Солзи нека течат”

За Музика24 од Охрид: Иван Јосимовски

Можеби ќе ве интересира: