Во прв ред

Во петок концерт на Bei The Fish (Фото)

Концертна промоција на новиот албум на еден од најомилените македонски бендови Bei The Fish, ќе се случи во петок во МКЦ. Нивниот последен албум “At The End Of The Sand” е ново и храбро поглавје во нивната десетгодишна плодна кариера. Откриваат пространства кои досега не биле посетени и даваат прекрасна интимна, но во исто време и глобална лирика, која тера на размислување.

Целиот нов албум и нивните најдобри песни од минатите плочи ќе можете да ги слушнете во петок, во МКЦ – Денсинг, со почеток во 22 часот, а влезниците чинат 200 ден.

Постер за најава на концертот на Bei The Fish

Подготви: Редакција на Музика24

Можеби ќе ве интересира: