Во прв ред

Во понеделник почнува продажбата на влезници за концертот на Раде Шербеџија

Како што веќе објавивме, легендарниот Раде Шербеџија ќе одржи ексклузивен концерт во Центарот за култура – Битола. Денеска и официјално е објавен почеток на продажба на билетите. Така, сите кои сакаат да уживаат во концертот на Раде и „Западни колодвор“ во понеделник во 12.00 часот на билетарата во Центарот за култура ќе можат да ги набават своите влезници. Цената на влезниците е
800 денари.
Новиот студиски албум на легендарниот актер со светска слава, поет и музичар е врвно музичко достигнување што ни доаѓа како подарок во живо за публиката која на 19-ти март ќе биде во Битола, а создаден е во време на короната, кога паузираше филмската индустрија. И ова е единствен настап во Македонија, па затоа во понеделник побрзајте на билетарата на Центар за култура.

Можеби ќе ве интересира: