Во прв ред

Во сабота голем концерт на популарниот и легендарен Мирослав Илиќ

Во сабота 11-ти март во “Метрополис арената” во Скопје ќе се одржи еден од долгоочекуваните концерти на популарниот и легендарен српски пејач Мирослав Илиќ. Организаторите велат дека речиси се е подготвено за саботниот концерт, а истиот стартува во 21 часот. Како што е и најавено, прв на сцената пред големата балканска ѕвезда, ќе се појави нашата македонска музичка ѕвезда Ефто Пупиновски кој со своите големи и познати хитови ќе ја расположи публиката и воедно ќе ја подготви за она што ќе следува, а веднаш по него на сцената микрофонот ќе го превземе Мирослав Илиќ човекот кој токму од Скопје ќе ја стартува својата славеничка туреја – 45 години јубилеј, 45 години музичка кариера.

“Ако ви се игра – играјте; ако ви се пее – пејте; Добредојдовте и живели”, вели Мирослав во поканата за дружба со македонската публика, односно славеничкиот концерт кој заради поводот – 45 години јубилеј, ќе биде со поразлична концепција и само со места за седење, односно Метрополис Арената ќе биде претворена во една голема кафеана.

Предвидено е концертот или, како што вели Мирослав, најголемата боемска забава да трае неколку часа, со оглед на тоа дека Илиќ освен музичката поддршка од Ефто има подготвено уште неколку изненадувања. “Божанствено жено”, “Лажу да време лечи све”, “Волео сам девојку из града”, “Поздрави је, поздрави”, “Један дан живота”, “Зовеш ме на вино”, “Теби”, “Поломиќу чаше од кристала”… се само дел од темите кои ќе се најдат на саботниот репертоар на Илиќ. Се гледаме на концерт.

Подготви: Александра Блажевска

Можеби ќе ве интересира: