Во прв ред

Во сабота на 23-ти декември голем предновогодишен хуманитарен концерт во Прилеп

Како што пишува ИнфоКомпас – прилепски информативен портал, на 23-ти декември (сабота) Данче Оклеска која што е дел од неформалната организација на предвремено родени деца, и Маја Црвенкоска – соло пејачка, организираат хуманитарен концерт со слоганот „Заедно за нов живот“ кој за прв пат се организира во Прилеп.

Картите кои што се по цена од само 150 денари се веќе во продажба и тоа во следните продажни места: кафе бар „Стори“, кафе бар „Еспресо“ и кафе галерија „Лувр“.

Како што велат организаторите на хуманитарниот концерт, од собраните финансиски средства ќе биде набавен монитор или аспиратор за неонаталошкото одделение во прилепската болница.

„Дојдете и уживајте во празничната магија по познати музички имиња од Прилеп и пошироко“, велат организаторите. За сите присутни ќе има изненадување, а на самиот концерт ќе се појави и познато македонско музичко име, голема македонска музичка ѕвезда, кое се уште се држи во тајност.

Можеби ќе ве интересира: