Во прв ред

Во знакот на филмот: Концерти на Дуке Бојаџиев во Македонија

Познатиот композитор и изведувач на класичната музика наскоро се враќа во својата родна татковина со свои солистички концерти кој ќе бидат вистинска прилика да се ужива во неговите изведби заедно со Македонската филхармонија кој се закажани во Скопје и Битола.

Првиот концерт, закажан за 13-ти февруари во Скопје, е во рамките на програмата по повод 70 години постоење на Македонската филхармонија, а веќе следниот ден, на 14-ти февруари, Бојаџиев ќе настапи во Центарот за култура во Битола.

“Концептуално концертот ќе содржи музика од мојата филмска работа (“До балчак”, “Сенки”, “Војната заврши”), како и неколку нови материјали и обработки на македонска изворна музика. Од Њујорк носам тројца солисти-редовни гости на моите филмски, албумски и концертни изданија: вокалот Крсте Роџевски, кларинетистот Исмаил Лумановски и перкусионистот Матијас Кунцли. Концертот ќе биде спој од класична, филмска, изворна и модерна музика зачинета со љубовна поезија од Мевљана Руми (13-ти век, суфизам)”. Концертот ќе се одржи на 13-ти февруари, во очи на Денот на вљубените и е насловен: “Сон. Верба. Љубов”. Со истата програма годинава треба да се претставиме и на престижната сцена на “Карнеги хол” во Њујорк”, најави музичарот во неодамнешно интервју за Нова Македонија.

Жесток во она што го работи веќе покажа дека и неговото творештво може да значи знак повеќе за успешност што овој пат ќе го повтори она што тој го знае и умее но во концептуално руво. Влезниците за концертот во Битола ќе бидат пуштени во продажба од понеделник, 2-ри февруари, по промотивна цена од 200 денари, а последната недела пред настанот цената ќе изнесува 250 денари.

Подготви: Редакција Музика24

Можеби ќе ве интересира: