Во прв ред

Време е за голем концерт на Буч Кесиди во Скопје (Фото)

После распродадените концерти на Ташмајдан во Белград, Шалата во Загреб, Спенс во Нови Сад и 7 последователни концерти во Сакс во Загреб, со кои го потврдија статусот на моментално најголем млад бенд во регионот, после неколку фестивалски настапи во Скопје и низ Македонија, српското електро – рок дуо Буч Кесиди конечно доаѓа и во Скопје со голем соло концерт на отворено.

Гласна музика, џускање, еуфорија, светкави костими и заразни битови – со спојот на инди – рок и синт – поп како своевидна друштвена хроника на љубовниот живот на младите и адолесцентите, во 2019-та година Буч Кесиди го освојуваат регионот и ги воспоставуваат сингловите ,,Нема љубави у клубу” и ,,Недеља ујутру” како химни на една цела генерација на млади во регионот. Останатото е историја.

Буч Кесиди се единствениот млад бенд кој успешно ги спои ,,андерграундот” и комерцијалното, со што станаа еден од најпотентните бендови во регионот. Влезниците се веќе пуштени во продажба и истите може да ги набавите преку продажната мрежа на ticketx низ Македонија по следните цени и категории: Партер – 700 денари и Фан пит – 900 денари.

Не заборавјте, 5-ти јули Стадион на АРМ, прв голем “open air” соло концерт на најголемиот регионален млад бенд, Буч Кесиди во Македонија.

Можеби ќе ве интересира: