Во прв ред

Време е за концерт – Ѓоко Таневски прославува јубилеј 30 години на македонската музичка сцена

„Никогаш доста“, „Збогум најмила“, „Една љубов имам“, „Цветај расцветај“, „Ден по ден“… само дел од хитовите кои ја одбележаа 30-годишната музичка кариера на Ѓоко Танески. Токму овој голем јубилеј е повод за неговиот солистички концерт насловен „Најдоброто од Ѓоко Танески“ закажан на 20-ти јули во Античкиот театар во родниот Охрид.

Го нарекуваат човек глас, пејач со глас како од Бога даден за опејување на можеби најубавите балади… глас кој ги топли душите и ги милува срцата затоа на сцената на Антички очекувајте незаборавна вечер полна со добра музика, многу емоции и срце на тацна, онака како што тоа го прави Ѓоко.

Концертот на Антички е со почеток во 21:00 часот, а на сцената Ѓоко освен што ќе биде придружуван од Камерниот оркестар од Битола, ќе бидат присутни и неговите специјални гости Драган Мијалковски и Николче Мицевски.

Влезниците веќе се пуштени во продажба, и тоа преку мрежата на Мктикетс, како и во продажните салони на „Литература“ низ земјата и „Кај Аждер“. Организаторот Фреш унион, најавува вистински музички спектакл, кој ќе се снима со најсовремена техника со оглед на тоа дека подоцна ќе биде изработен и телевизиски проект.

Оваа година е јубилејна година за Ѓоко Танески, слави 30-години кариера, а јубилеите имаат смисла само ако се одбележуваат и тоа заедно со драги луѓе. Затоа на 20-ти јули, каде и да сте, во Охрид да сте!

Можеби ќе ве интересира: