Во прв ред

Време е за никогаш одржаниот концерт на „Галија“ во Скопје

Првиот концерт во Скопје од страна на Авалон Продукција беше организиран во Куршумли Ан, на 28-ми август, 1993 година со „Електрични Оргазам“. Вториот концерт требаше да биде на истото место, на 11-ти септември, 1993-та, со „Галија“. Пред отворање на вратите, се споија небо и земја и одржувањето на концертот беше невозможно. Концертот никогаш потоа не се одржа. Не само што не се одржа, туку, верувале или не, добри 30 години, патиштата на Авалон и „Галија“ во меѓувреме никогаш за ништо не се сретнаа?! Но, нормално, секој отворен круг… мора да се затвори. Време е за никогаш неодржаниот концерт на „Галија“! И тоа… овој пат, премиерно во Скопје, проектот „Акустично као некада”, или, ако подобро сакате, проектот „Unplugged: Best of Galija”, на 15-ти декември во 20 часот, во совршен простор за овој настан – Македонска филхармонија.

Што да се каже за Галија? Еден од ретките бендови од регионов кој не само што има огромен број на одлични албуми и безвременски хитови, туку и во живо звучи добро како најдобрите светски бендови од тој тип.

„Још увек сањам”, „Дигни руку”, „Да ли си спавала”, „Трубе”, „Корак до слободе”, „Када ме погледаш”… се навистина легендарни песни и ќе биде огромно задоволство да ги слушнеме, заедно со уште многу други во акустична варијанта на Неша и осумчлената екипа.

Влезниците ќе бидат во продажба од среда (8-ми ноември) во 9 часот наутро онлајн на ticketx.mk и ширум продажната мрежа на ticketx низ Македонија по цена од: 1.200 денари и 1.500 денари – ВИП. Искуството и историјата на авалонските концерти во Македонска филхармонија кажува само едно – бидете брзи во средa!

После концертот на „Бајага & Инструктори“, концертот на „Галија“ е втор концерт при проектот „Месец на 30 години Авалон во Македонија”.

Наскоро следат нови најави!

Можеби ќе ве интересира: