Го нарекоа скриен гитарски бисер, а за секој негов концерт секогаш се бара место повеќе. Таков е тој, Мухамед Ибрахими, скромен но маестрален на сцена.
Својата гитара (мандолина, саз итн.) ја третира на многу неконвенционален начин, доста интуитивен и инспиративен. Неговите композиции се автентична мешавина на повеќе музички стилови, како блуз, рок или амбиентален, но длабоко вкоренети во ориенталната (суфи) традиција и балканскиот фолклор. Овие храбри и елегантни комбинации честопати даваат неочекувани резултати среде уникатен и прекрасен звучен пејзаж. Исклучително импресивно за гледање, но и слушање во живо.
Големиот и врвен гитарист Мухамед Ибрахими со голем концерт во Скопје, Македонска филхармонија, 6-ти ноември во камерната сала со почеток во 20 часот. Вашите билети можете да ги набавите на www.bileti.mk.
Дојдете на квалитетна музика!