Во прв ред

Наскоро Wake Up – Music Festival Vol.3

Традицијата продолжува и овој 21-ви март, кога љубителите на техно и хаус музиката ширум Македонија, па и пошироко доаѓаат во срцето на Источна Македонија – градот Штип за да го подигнат подиумот со голема енергија и забава која трае до раните утрински часови. Станува збор за oна што секој фан на Wake Up Music Festival сонува.

Ве покануваме на еднодневна викенд програма која е симбол на културата и електронската музика со live сетовите на еден од најпознатите светскии диџеи и изведувачи на хаус музика Kiko Navarro.

Атмосферата на Wake Up Music Festival Vol.3 овој пат ќе претставува високо-енергетска заедница на љубителите на електронската музика кои покрај Kiko Navarro, инаку еден од најголемите и најпознати шпански, но и светски диџеи на денешницата, ќе можат да уживаат и во вибрациите на познатите диџеи од домашната музичка сцена кои повеќепати досега го потврдиле својот квалитет и зошто се најдобри. Така свој перфроманс ќе заземат Dj Vasile, Dj Lucky, Oliver Petkovski, Dj Ivann, додека финишот ќе го означи веќе познатиот Dj Borce Panov. Фестивалот ќе трае до раните утрински часови – 05:00. Картите ќе бидат пуштени во претпродажба по цена од 150 ден. и на врата 200 ден.

Бидете и Вие дел од неповторливата забава каква досега немате почувствувано!

РАЗБУДЕТЕ СЕ… Почувствувајте ги вибрациите и раскажувајте им ги на идните генерации убавите моменти за кои ние ќе се погрижиме да Ви останат во сеќавање.

Подготви: Редакција Музика24

Можеби ќе ве интересира: