Во прв ред

Whitesnake пристигнаа во Скопје, вечерва – незаборавен концерт

Легендарните Whitesnake со приватен авион од Софија, утрово пристигнаа на скопскиот аеродром “Александар Велики”. По фантастично посетените концерти викендов во Загреб и во Белград, организирани од Авалон продукција и синоќешниот распродаден концерт во Софија, великаните на светската рок сцена вечерва во арената “Борис Трајковски” ќе одржат уште едно спектакуларно рок шоу.

Вратите во арената “Борис Трајковски” се отвораат од 19 часот. Концертот ќе го отвори The Dead Daises, бендот кој ги придружува Whitesnake на нивната европска турнеја во 20.25 часот, додека легендарните рокери ќе го почнат својот настап точно во 21.30 часот.

Подготви: Редакција на Музика24

Можеби ќе ве интересира: