За денот на вљубените: љубов, вино и Павле Камилоски

Се вели убавите нешта одат во пар – а љубовта и виното се оној совршениот. Неверојатна комбинација. А кога сето е зачинето со гласот на Павле Камилоски тогаш имате празник за сите сетила. Затоа не пропуштајте да бидете дел од настапот на уникатниот Павле Камилоски – одлична музика, квалитетно вино и многу љубов – токму тоа ве очекува в петок.

Intermezzo music bar се погрижи во центарот на градот да ја пренесе атмосферата од светските метрополи, и тоа преку камерниот концерт на еден од најдобрите баритони во Македонија. Концертот е со почеток во 21 часот и освен што ќе значи спој на одлична музика и убави вина, воедно и ќе го означи стартот на концертната сезона во чии рамки во претстојниот период следуваат многу музички изненадувања.

“Нашите гости го заслужуваат најдоброто од музиката, а токму за денот во кој се слават виното и љубовта за незаборавната атмосфера ќе се погрижи неповторливиот Павле Камилоски”, велат од Intermezzo music bar.

Камилоски со проектите “Мала Италија” и “Come fly with me” освои безброј срца, доближувајќи ја медитеранската музика до слушателите на, пред се, уникатен начин. Неговиот репертоар опфаќа и голем број хитови како оние на Френк Синатра, Дин Мартин, Мајкл Бабл. Билетите за концертот на Камилоски се пуштени во претпродажба во ограничен број и по цена од 300 денари.

Повеќе на Музика24...