Во прв ред

За прв пат во Македонија: Светски познатиот Schiller и динамичното дуо Pig & Dan на Градски стадион во Битола на 3 јули

На 3 јули, Градскиот стадион во Битола ќе биде домаќин на еден од најочекуваните настани ова лето – отворањето на Битолско културно лето „БитФест“ со The Stars Symphony. За оваа специјална пригода, македонската публика ќе има уникатна шанса да ужива во настапите на две светски реномирани имиња од светот на електронската музика: Schiller и Pig & Dan.

Pig & Dan, познати по своите енергични настапи настапувале на големи светски фестивали како Tomorrowland, Awakenings и Ultra Music Festival, и во престижни клубови како Fabric во Лондон и Berghain во Берлин.

Со исто така богата кариера, Schiller, или Christopher von Deylen, е синоним за иновативност во електронската музика. Неговите композиции ја освежуваат електронската сцена, и создаваат целосно ново музичко искуство. Во својата кариера, Schiller успеа да издаде многубројни успешни албуми кои се најдоа повеќе пати на врвот на музичките топ листи низ цела Европа. Со песни како „Das Glockenspiel“, „Liebe“ и „I Feel You“, тој ги освои срцата на своите слушатели, а за првпат имаме чест да го слушаме и во Битола на 3 јули.

Во рамките на The Stars Symphony, Битола ќе биде место каде музиката создава мостови помеѓу културите, а во исто време е и ексклузивна можност македонската публика да стане дел од глобалната музичка сцена. Покрај настапите на Schiller, и Pig&Dan, на сцената на The Stars Symphony ќе се појават и Каролина, Констракта, Суперхикс, Паркети, Brass Brothers и многу други.

03.07.2024, 19:00, The Stars Symphony, Градски стадион, Битола.

Можеби ќе ве интересира: